Град Скопје денеска ќе презентира План за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во Скопскиот регион, Краткорочниот план за квалитет на воздухот во Скопскиот регион и Интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина на Град Скопје.
На презентацијата ќе присуствува градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, а поканети се и сите 17 градоначалници од општините во Скопскиот плански регион кои имаат надлежности во областа на заштитата на воздухот од загадување.