Потребно е:
200 гр посен растителен кашкавал
1 чаша (од 200 мл) масло
1 чаша пченично брашно
1 чаша пченкарно брашно
1 прашок за пециво
100 гр црвена пиперка
100 гр зелени маслинки
1 чаша минерална газирана вода
сол, по вкус
Подготовка:
– Изрендајте го кашкавалот на крупно ренде.
– Црвената пиперка и маслинките ситно исецкајте ги.
– Сите состојки измешајте ги и смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степни околу 20 минути.