Несторовски и Ибраими лауреати на ФФМ, специјално признание за младата фудбалска репрезентација

Од:

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги прогласи најдобрите во Мак-фудбалот за 2016 година.

Лауреати се Илија Несторовски, кој го понесе признанието за најдобар македонски фудбалер кој настапува во странство и Бесарт Ибраими, кој е прогласен за најдобар играч во домашното првенство. Фудбалерот на Шкендија беше и најдобар стрелец во шампионатот.

Наградата за најдобар тренер заслужено отиде во рацете на Благоја Милевски, селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година која со пласманот на Европското првенство во Полска следната година, заслужено го доби специјалното признание.

Останатите признанија ги добија:

Најдобар млад играч: Елиф Елмас (Работнички)

Најдобар тренер во млади категории: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)

Најдобар стрелец во младинска категорија: Александар Мишов (ФК Академија Пандев)

Најдобра екипа во младинска конкуренција: ФК Вардар

Најдобар играч во футсал: Игор Леовски (КМФ Железарец)

Најдобар тренер во футсал: Иван Божовиќ (Железарец)

Најдобра фудбалерка: Теодора Димовска (ЖФК Драгон)

Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (ЖФК Драгон)

Најдобар стрелец во женски фудбал: Афродита Салихи (ЖФК Драгон)

Најдобар судија: Димитар Мечкаровски.

Најдобра „фер-плеј“ екипа: Хоризонт Турново.

Наградата за животно дело за придонес во развојот на македонскиот фудбал му беше доделена на поранешниот претседател на ФФМ, Љубисав Иванов – Ѕинго, додека Сергеј Самсоненко го доби признанието за најдобар фудбалски работник.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија