Ќе ве воодушеви оваа пита …
Потребно е:
500 гр кори за гибаница
1 средна главица кромид
500 гр мелено месо
3 средни компири
сол и бибер, по вкус
мелен сув зачин, по вкус
за преливот:
3 јајца
100 мл масло
250 мл кисело млеко
200 мл минерална вода
1 лажиче сол
Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло.
– Додадете го месото и по вкус сол, бибер и мелен сув зачин. Продолжете со пржењето уште неколку минути.
– Излупете ги компирите и изрендајте ги на крупно ренде. Додадете ги кај месото и оставете да се излади.
– За преливот, изматете ги јајцата и додадете ги маслото, јогуртот, минералнаѕта вода и сол.
– Тава со димензија 35х25 см премачкајте ја со масло и ставете една кора која сте ја превиткале на половина. Таа кора премачкајте ја со малку масло. Повторно на неа ставете уште една кора, превиткана на половина.
– Сега распоредете од филот и повторно ставете нова кора. повторете ја постапката додека да ги отрожите сите кори и фил. На крај оставете две кори.
– Вака наредената пита исечете ја на парчиња и прелијте ја со преливот. Оставете ја 30-тина минути за да корите го впијат преивот и да омекнат.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени додека убаво да порумени.
– Печената пита оставете ја 15-тина минути да отстои и послужете ја.