Неодолива арома на ванила …
Потребно е:
за тестото:
4 јајца
15 лажици шеќер
15 лажици брашно
15 лажици масло
15 лажици млеко
2 кесички ванилин шеќер
1 прашок за пециво
за филот:
2 кесички пудинг од ванила
500 мл млеко
1 чаша (од 250 мл) шеќер
2 кесички ванилин шеќер
за посипување:
шеќер
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги јајцата и шеќерот и изматете ги. Со постојано матење додадете ги и останатите состојки за тестото.
– Половина од тестото сипете го во тава која претходно сте ја намастиле и ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 5 минути.
– За тоа врема подгответе го пудингот од ванила според упатсвото на пакувањето. Ванилиниот шеќер ставете го во млекото.
– По печената кора распоредете го уште врелиот пудинг.
– Над пудингот сипете го преостанатиот дел од тестото и ставете го повторно во рерна да се допече уште околу 15-20 минути, односно додека да добие убава светло-кафена боја.
– Уште додека е врел посипете го со шеќер и оставете да се излади. Исечете го на парчиња и послужете.