Превкусен ролат со мелено месо …
Потребно е:
450 гр мешано (говетско и свинско) мелено месо
1 главица кромид
4 лажици лебни трошки
сол, бибер
1 лажиче мелена црвена пиперка
2 лажичиња сенф естрагон
2 лажици сецкан свеж магдонос
1 јајце
3 сварени јајца
масло
за сосот:
3 кисели краставички
1 лажица магдонос, ситно сецкан
100 гр кисела павлака
сол
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги меленото месо, ситно сецканиот кромид, лебните трошки, сол, бибер, мелена црвена пиперка, сенф, магдонос и изматеното јајце. Убаво измешајте да се спојат сите состојки.
– Половина од смесата ставете ја во правоаголен калап и малку притиснете ја. На средина ставете ги сварените јајца, покријте со остатокот од смесата и израмнете.
– Калапот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути. Оставете го да отстои 10-тина минути и потоа ставете го ролатот на чинија.
– Додека се пече колачот направете го сосот. Во еден сад измшајте ги сецканите кисели краставички, сецканиот магдонос и киселата павлака. Зачинете со сол по вкус.
– Ролатот од месо исечете го на парчиња и полијте со сосот од кисела павлака. Послужете.