Уааа шнајдери!

Од:

Кастрење, сечење, монтирање, вадење од контекст. И се со цел да се понижи противникот, да се оцрни.

Дел од медиумите влетаа  во валканата меѓу партиска битка, станувајќи нивна продолжена рака.

А1он вчера укажа  на грубата монтажа изведена преку недозволеното земање видео материјал од страна на порталот www.press24.mk и негова преработка на дел од интервјуто со Ѓунер Исмаил направено од А1он.

Изјавата на Ѓунер Исмаил беше без дозвола преземена и премонтирана за да се прикаже поинаков впечаток.

Од материјалот на А1, од посочениот портал, најнепрофесионално, е извадена една реченица со која се објаснува мотивот зошто треба да се извади споменикот на Никола Карев од пред Собранието, со што намерно се создава поинаков впечаток за кажаното.

Претходно, како што пренесе неделникот Фокус, грубо се извадени зборови од изјавата на архитектот Мирослав Грчев.

„Само дилетант и само будала може да зборува за македонска култура и македонска историја“, изјавата на Грчев тука е пресечена, и не се пренесува додатокот „ ВО ПРАИСТОРИСКО ВРЕМЕ, ВО НЕОЛИТ ИЛИ ПАЛЕОЛИТ“.

Вака искасапена изјавата дава друго значење и се емитува во склоп на пропаганден спот, нарачан од ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно на дел од медиумите.

За ова Грчев за Фокус вели дека е „пропагандно државен линч со гебелсовска монтажа“.

И Тито Петковски прашува, зошто во истиот спот каде се дава извадок од негово обраќање во Собранието,  во спотот не го ставиле и предлогот на Груевски „Република Македонија-Скопје“.

И затоа: Уа шнајдери! Но не за политичарите и штабовите, тоа е нивна задача.

 

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on