Стивен Хокинг: Ова е најопасното време за нашата Планета

Од:

Гардијан – Лондон 

Живееме во свет во кој финансиската нееднаквост се зголемува, а не се намалува, во кој многу луѓе гледаат како исчезнува не само нивниот животен стандард, туку можноста воопшто да заработуваат за живот.

Како теоретски физичар од Кембриџ, цел живот го поминав во исклучително повластена средина. Кембриџ е необичен град, кој се простира околу еден од најдобрите светски универзитети. Во тој град, научната заедница, чиј член станав во своите 20-ти години, сега е уште поизолирана.

И внатре во таа научна заедница, малата интернационална група на теоретски физичари, со кои го поминав својот работен век, понекогаш е во искушение да се сметаат себеси за елита.

Покрај тоа, со славата која дојде поради моите книги и изолацијата која ја наметна мојата болест, чувствувам дека мојата кула од слонова коска станува се повисока.

Така неодамнешното отфрлување на елитата од страна на народот во Америка и во Британија, сигурно е насочено и против мене, како и против кој било друг припадник на елитата. Што и да мислат за одлуката на британското гласачко тело да го отфрли членството во Европската унија и одлуката на американската јавност да го прифати Доналд Трамп како свој нов претседател, нема сомнеж дека ова беше гневен рик на луѓето кои чувствуваат дека се напуштени од страна на своите лидери.

Ми се чини дека сите се согласуваат дека тоа беше момент кога заборавените прозбореа, искористувајќи го својот глас за да го одбијат советот и насоките на експертите и елитата.

Тоа што е сега важно, далеку поважно од победата на Брегзитот и Трамп, е како ќе реагираат елитите.

Јас не сум исклучок од ова правило. Пред гласањето за Брегзит предупредував дека тоа ќе им наштети на научните истражувања во Британија, дека гласањето за излез би било чекор наназад, а гласачкото тело или барем значаен дел од гласачите, не обрнуваа внимание на мене како ни на било кој друг политички лидер, синдикален водач, уметник, научник, деловен човек и славна личност, кои даваа ист занемарен совет на остатокот од државата.

Тоа што сега е важно, далеку поважно од изборот кој го направија гласачите во овие две држави, е како ќе реагира елитата. Дали треба за возврат да ги отфрлиме овие гласови како израз на длабок популизам кој не ги зема предвид фактите и да се обидеме да ги заобиколиме или ограничиме изборите кои тие ги претставуваат? Сметам дека тоа би била страшна грешка. Загриженоста во позадина на овие гласови поради економските последици од глобализацијата и забрзаните технолошки промени целосно е разбирлива.

Автоматизацијата на фабриките веќе ги десеткува работните места во традиционалното производство, а се чини дека со развојот на вештачката интелигенција ќе дојде до уште поголемо уништување на работните места меѓу средната класа, каде ќе останат само најделикатните, најкреативните и местата каде ќе треба надзор.

Тоа ќе доведе до забрзано ширење на економска нееднаквост во целиот свет, што веќе се случува. Интернетот и платформите кои им овозможуваат на многу мал број поединци да остварат огромен профит додека вработуваат многу мал број на луѓе. Тоа е неизбежно, тоа е прогрес, но исто така е погубно за општествата.

Ова мораме да го гледаме во ист контекст со финансискиот слом, кој на луѓето им откри дека само неколку поединци кои работат во финансискиот сектор стекнуваат огромна заработувачка, а дека ние останатите го обезбедуваме тој успех и ја плаќаме сметката кога нивната алчност ќе не одведе на погрешен пат.

Гледајќи целосно, живееме во свет во кој финансиската нееднаквост се зголемува, а не се намалува, во кој многу луѓе гледаат како исчезнува не само нивниот животен стандард, туку можноста воопшто да заработуваат за живот.

Тогаш не е чудо што бараат промена, која Трамп и Брегзитот ја претставуваат.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска