Многу се вкусни и стојат подолго време …
Потребно е:
150 гр маргарин
100 гр свинска маст
2 јајца
1 прашок за пециво
100 мл млеко
околу 450 гр брашно
1 полно лажиче сол
малку тврд кашкавал
семки од сусам
Подготовка:
– Изматете ги маргаринот, свинската маст со 1 јајце, 1 белка и 100 мл млеко. Додадете ги солта, прашокот за пециво и брашното. Замесете тесто.
– Тестото ставете го на набрашнете работна површина и со сукало развлечете го со дебелина од околу 1 см. Премачкајте го со разматената жолчка со 2 лажичиња млеко.
– Одозгора изрендајте кашкавал и посипете со сусам.
– Исечете го на стапчиња и наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 целзиусови степени се додека не поруменат.