Мафини од пире од компири

Од:

Едноставен рецепт а овие меки и многу вкусни мафини …

Потребно е:
250 гр пире од компири
2 јајца (одвоите 1 лажица за премачкување)
30 гр путер
20 гр изрендан пармезан
80 гр брашно
1/2 прашок за пециво
1 лажица сецкан магдонос
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче мелен црн бибер

за филот:
70 гр крем сирење
прстофат сол
малку бибер
1 лажиче сецкан власец

за премачкување:
јајце
сусам, за посипување

Подготовка:
– Калапот за мафини премачкајте го со растопен путер и оставете да се излади и да се стегне.

– Пирето од компири, претходно направено измешајте го со јајцата, сол, бибер, тенко исечен путер, рендан пармезан и магдонос. На крај додадете го и брашното измешано со прашокот за пециво и убаво измешајте.

– Измешајте ги крем сирењето, солта, биберот и сецканиот власец.

– 2/3 од тестото распоредете во калапите. Со лажица направите вдлабнување во тестото и ставете по 1 лажиче од филот. Потоа одозгора нанесете го остатокот од тестото и израмнете.

– Премачкајте со разматено јајце и посипете со сусам.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степни 30-35 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска