Потребно е:
1 кг пилешко месо (копан, надкопан, пилешки гради)
1 лажица мешавина од зачини за пилешко месо
7 лажици маслиново масло
6 јајца
150 гр пченично остро брашно
1/2 лажиче сол
500-600 мл млеко
Подготовка:
– Пилешкото месо одвоите го од коските, исечете го на помали парчиња и посипете го со мешавина од зачини за пилешко месо.
– Парчињата месо испржете ги на 3 лажици масло од сите страни, некаде околу 10 минути.
– Во еден сад изматете ги јајцата со брашното, солта и млекото и оставете ја смесата да стои 10-15 минути.
– Преостанатото масло ставете го во огноотпорен сад и загрејте го. на загреаното масло сипете 1/3 од смесата со јајца, млеко и брашно.
– На тоа распоредете го месото и одозгора сипете ја преостанатата смеса.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 210 целзиусови степени 20-30 минути.