Речиси половина милион деца во североисточна Нигерија од следната година ќе се соочат со умирање од глад, а 80 илјади ќе умрат од глад доколку не им се пружи помош, во хуманитарната криза, што ја предизвика исламистичката групација Боко Харам, предупреди УНИЦЕФ.
– Она што е веќе криза, може да стане катастрофа, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк.
Во соопштението се наведува дека 400 илјади деца се во опасност да умрат од глад и дека тие се само дел од 2,6 милиони бегалци, кои страдаа поради седумгодишните немири, во кои настрадаа повеќе од 20 илјади луѓе.
– Доколку не ја добијат неопходната помош, едно од пет од тие деца ќе умрат, предупреди Лејк.