Шеста победа за Куманово во кошаркарската БИБЛ лигата

Од:

Екипата на Куманово ја оствари шестата победа во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ).

На средбата од групата А, кошаркарите на Куманово, вчера пред својата публика, го победија актуелниот шампион на БИБЛ, тимот на Сигал Приштина убедливо со 86-68 по четвртини 22:15, 14:20, 30:17 и 20:16.

Најефикасен во редовите на Куманово беше Александар Костровски кој натпреварот го заврши со 29 поени, 7 скокови и 6 асистенции.

Покрај овој натпревар вчера се одиграа и средбите, Тирана – Сутјеска 56-79 и Башкими – Берое 83-66.

Претходно Фени Индустри загуби на гостувањето кај Трепча со 70-45.

Преостанатите две македонски екипи играат денеска и утре.

Карпош Соколи ќе бие домаќин на Пеќ, а пред својата публика во Гевгелија, во четврток Кожув ќе игра против црногорскиот тим Теодо. Двата натпревари ќе започнат во терминот од 19 часот.

А група – табела: Куманово 6-2 (победи-порази), Башкими 4-4, Берое 4-3, Теодо 3-3, Кожув 1-5 и Сигал Приштина 2-3.

Б група – табела: Сутјеска 4-2 (победи-порази), Фени Индустри 4-3, Трепча 3-4 Тирана 4-4, Карпош Соколи 2-5, и Пеќ 3-1.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос