ВИДЕО: Специјалците се повлекоа од домот на началникот на СВР Куманово

Од:

Началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ е ослободен под притисок на насобраниот народ но и поради тоа што ништо не е пронајдено кај него. Специјалците се повлекоа од неговиот дом.

Тие дојдоа со налог од Основното јавно обвинителство за претрес на неговиот дом и обвинување за злосторничко здружување.

Полицијата не го приведе началникот, откако, како што дознава А1он не пронашла ништо во неговиот дом и под притисок на насобраниот народ. Величковиќ обвинил дека се работи за монтиран случај од страна на Јавниот обвинител Марко Зврлевски и Митко Чавков.

Величковиќ излезе пред граѓаните, качувајќи се на кровот од полицискиот џип, и замоли да заминат, за да може специјалците да заминат од неговиот дом и дека тој нема да биде уапсен.

Во станица Величковиќ кажал дека се води хајка против него, зошто спречил изборни нерегуларности.

Величковиќ е еден од поставените началници од Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он