Кина загрижена поради изјавите на Трамп

Од:

Пекинг е крајно загрижен поради изјавите на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп дека Вашингтон не мора да се придржува до политиката на „единствена Кина“.

Портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи Генг Шуанг изјави на прес-конференција дека политиката на „единствена Кина“ е основа на односите меѓу Вашингтон и Пекинг и ја повика новата американската администрација да има разбирање за чувствителноста на прашањето за Тајван.

Трамп во неделата изјави дека не знае зошто САД би требало да бидат приврзани кон политиката на „единствена Кина“, доколку не постигнат договор со Пекинг за други прашања, „вклучувајќи ја и трговијата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Катерина Ѓуровски

Џими Картер почина на 100-годишна возраст

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

Илон Маск го искористи Никола Тесла како пример зошто треба да се даваат визи на одредени странски работници

Русите и Американците ќе продолжат заедно да летаат во вселената