Ахмети: ДУИ победи на избори – Албанците изгубија мандати

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на вечерашната прес-конференција во Тетово нагласи дека го радува фактот што изборите поминаа мирно, без проблеми, што според него, значи дека земјава оствари голем напредок и зрелост околу организирањето на слободни избори.

– ДУИ секогаш апелирал кај нивниот електорат, кај Албанците и од нив барал да не се парцијализираат, партизираат во мали партии, бидејќи ќе бидат губитници. Секогаш ги повикувавме малите партии да бидат заедно, да го победат ДУИ, а да не изгубат Албанците. Со гнев велам дека Албанците изгубија мандати. ДУИ победи на избори, но мене секогаш ме интересирало да победат Албанците во прв ред, и не ме радува победата на ДУИ. ДУИ ќе остане одлучна во правец на одбрана на нејзината доктрина, која ја претстави пред Албанците во земјава, изјави Ахмети.

ДУИ, потенцира Ахмети, ќе работи во правец земјата да оди напред, кон целосна стабилизација.

– ДУИ нема да го смени курсот и силно ќе работи тој курс да заживее и да се материјализира. ДУИ ќе биде одлучувачки фактор за тоа кој ќе ја земе одговорноста за да управува со процесите. Значи, нема да отстапиме од нашата цел, туку ќе бидеме многу појаки во остварувањето на нашите цели, потенцира Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

ДУИ: Со ниту една седница на Владата не претседавал еден од албанските вицепремиери

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Отстранувањето на албанскиот јазик од таблите на Табановце е провокација, бараме веднаш да биде вратен, реагира ДУИ

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања