МО објавува борба на евентуалната корупција во редовите на одбраната

Од:

Во врска со написите во дневниот печат дека „војниците плаќале 2.000 евра за да бидат упатени во мисија во Авганистан“ објавени викендов, а со цел целосно расчистување на шпекулациите, Министерството за одбрана соопштува дека се превземаат конкретни мерки со кои се објавува борба на евентуално било каква корупција во редовите на одбраната.

– Министерството за одбрана на Република Македонија до Јавното обвинителство  ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител за сомневањата искажани во јавноста за корупција во селекцијата и испраќањето на професионални војници во мировна мисија во Авганистан. Воедно Министерството за одбрана ги охрабрува сите професионални војници на АРМ доколку им било побарано или им се бара да платат мито за да бидат испратени во мисија во Авганистан да го пријават случајот со цел од надлежните органи да се соберат докази, воедно целосно  им се гарантира дека јавувањето нема да влијае воопшто на нивното работно место и кариера, независно кој да бил наводно инволвиран во нелегални дејанија, се наведува во денешното соопштение од Министерството за одбрана.

За навреме да бидат регистрирани евентуални криминални и корупциски случаи, како што информираат од МО, ќе биде отворен бесплатен телефон за пријавување на корупција во АРМ и Министерството за одбрана.

– Независно кој каде да се наоѓа нема да биде заштитен. На отворениот телефон може секој граѓанин да пријави криминал, корупција и мито во редовите на Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана, се додава во соопштението.

Од Министерството за одбрана бараат медиумите за сите евентуални докази и сознанија кои ги имале во однос на тоа да ги достават до надлежните органи, со цел да бидат процесуирани во рамките на кривичната пријава против непознат сторител.

– На последните директни средби на министерот Фатмир Бесими со професионалните војници во Куманово, Штип, Тетово, Скопје во рамки на проектот „Стандард“ од негова страна беа охрабрени сите припадници на АРМ да пријават евентуална каква било корупција или незаконско работење во редовите на Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана, бидејќи министерот за одбрана Фатмир Бесими е одлучен во целост да се почитуваат законите и да се почитува војничката и старешинска професија, нивниот интегритет и угледот на АРМ, се подвлекува во соопштението од Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата