Брзо и вкусно …
Потребно е:
2 лажици маслиново масло
2 чешниња лук
160 гр кус-кус
1 лажиче мелен ким
1/4 лажиче каенски бибер
1/2 лажиче сол
100 мл сос од домати
300 мл вода
4 колбаси (околу 200 гр)
1 лажиче сок од лимон
4 лажици сецкан свеж коријандер
за сервирање:
1 домат
2 лажици маслиново масло
Подготовка:
– Во тава на рингла загрејте го маслото и додадете го згмечениот лук, кус-кусот, ким, бибер и сол и пржете со постојано мешање околу 3 минути.
– Додадете ги сосот од домати, водата и оставете да почне да врие. поклопете го садот, тргнете го од рингла и оставете го 5 минути да мирува. Така подготвениот кус-кус оставете да се излади и ставете го во чинија.
– Во меѓувреме испечете ги колбасите на грил тава, оставете да се изладат и исецкајте ги на тркалца.
– Изладенио кус-кус посипете го сок од лимон, наредете ги колбасите на него и посипете со сецкан коријандер.
– Доматот исечете го на парчиња и посипете со маслиново масло.