Ана Дурловски во „Лучија од Ламермур“ во МОБ

Од:

Сопранистката Ана Дурловски ќе го игра насловниот лик на претставата „Лучија од Ламермур“ на Гаетано Доницети, која по подолга пауза вечер ќе биде изведена во Македонската опера и балет.

„Лучија од Ламермур“ е една од водечките белканто опери, а улогата на Лучија се смета за врв во т.н. колоратурно пеење. Покрај Ана Дурловски, во останатите улоги ќе настапат Марјан Јованоски, Зоран Сотиров, Марјан Николовски, Александар Стефановски-бас, кој во моментов живее и работи во Германија, Николина Јаневска и Јане Дунимаглоски.

Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, шеф диригент во Македонската опера и балет за тековната сезона.

Ана Дурловски своето професионално деби го имаше токму со оваа улога на сцената на МОБ, за понатаму да продолжи да ја гради својата кариера во и надвор од границите на Македонија. Таа е првиот и единствен македонски оперски уметник кој настапил на сцената на њујоршката Метрополитен опера, а настапи бележи и на скоро сите големи европски оперски сцени.

Минатата година таа е одликувана со државната награда Национален уметник на Република Македонија за која изјави дека е најголемото признание кое еден уметник може да го добие, бидејки се работи за признание од матичната држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет