Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е подготвена да го следи почитувањето на законите за надминување на последиците од обиот за преврат во Турција, изјави денеска на прес-конференција во Хамбург генералниот секретар на организацијата, Ламберто Џаниер, пренесе ТАСС.
– Ние сме подготвени да дадеме поголем придонес за да го гарантираме почитувањето на клучните принципи и задачи во овој период, изјави Џаниер.
„Ние изразивме солидарност со турската Влада по обидот за преврат, но сакаме овој сложен процес да продолжи во согласност со законодавството и меѓународните ангажмани“, додаде тој.
Тој потврди дека „на маса останува“ предлогот за мониторинг на судските процеси против учесниците во пучот, што им беше упатен на турските власти
Според Џаниер, ОБСЕ и пред ова повеќе пати посветуваше внимание на тоа што се случува во оваа земја по обидот за државен преврат.