Лешник полжавчиња со чоколаден крем

Од:

Со овие шарени полжавчиња ќе ги израдувате вашите деца …

Потребно е:
175 гр пченично остро брашно
100 гр путер
110 гр шеќер во прав
1 жолчка
1 лажица млеко
150 гр чоколаден крем (Нутела, Меренда, Еурокрем…)
50 гр испечени лешници
шеќер во прав, за посипување

Подготовка:
– Во подлабок сад ставете ги брашното, путерот исечен на коцки и шеќерот во прав. Матете со миксер додека да добиете хомогена зрнеста смеса. Додадете ги жолчката и млекото и убаво промешајте.

– Тестото со раце обликувајте го во форма на топка, покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час.

– Ставете го тестото на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го во форма на правоаголник (30х20 см). Премачкајте го со чоколадниот крем.

– Лешниците сомелете ги и посипете ги над чоколадниот крем.

– Тестот завиткајте го како ролат, а потоа во пластична фолија и ставете го во фрижидер да стои околу 1 час.

– Тргнете ја фолијата и ролатот исечете го на кругови со дебелина од 1 см. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути.

– Печените колачиња извадете ги од рерна, посипете со шеќер во прав и оставете да отстојат 15-20 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска