Албанскиот глас не треба да се расцепкува. Со тоа нема да и се направи лошо на ДУИ, туку на албанскиот народ, со овие зборови Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграции ја побара поддршката на гостиварци на митингот што се одржа градскиот плоштад во Гостивар.
Зборувајќи за потребата од единство на овие избори, Ахмети им порача на гостиварци да не се зачленуваат во малите партии на Албанците, за кои, како што рече, не знае ни тој, кој ги извадил на политичката сцена и која е нивната улога.
Ахмети зборувајќи за важноста на изборите во недела ги побара гласовите за ДУИ бидејќи, како што рече, тоа е опцијата која најдобро ги застапува интересите и правата Албанците.
– ДУИ е национална вредност која треба да се чува и негува. Сé уште има време за неопределните и за оние кои се приклониле кон малите партии, да ни се приклучат до недела. Кој може најдобро ги брани и штити интересите на Албанците, ако тоа не сме ние, кои излеговме од војната како победници, подвлече Ахмети.
Првиот човек на ДУИ и носител на листата во шестата изборна единица, е убеден во победа и дека ќе добие најмногу гласови кај Албанците, со што ќе обезбеди влез во идната влада.
– Едвај ја чекам неделата да заврши за да видам кој ќе биде победник во македонскиот блок и за да видам со кого ќе соработувам. Уште во понеделник ќе го барам и ќе му ги кажам нашите барања и да ја формираме новата влада, нагласи Ахмети.
Пред симпатизерите, членовите и граѓаните во Гостивар, се обратија и поддршка на претстојните избори побраа, фунционери и кандидати за пратеници од ДУИ, Ширете Елези, Невзат Бејта, Таљат Џафери, Јамин Синани и Мирасада Асани