Инфантино доби поддршка од Азија за зголемен број учесници на СП

Од:

Азиските земји ја поздравија идејата на првиот човек на Светската фудбалска федерација човекот (ФИФА), Џани Инфантино да се прошири Светското првенство со 48 репрезентации.

Инфантино на самитот на ФИФА во Сингапур, откри дека сите азиски фудбалски федерации се сложуваат со идејата за нов систем на Мундијалите од 16 групи со по три селекции.

– Сојузите во Азија ми дадоа голема поддршка, сите едногласно. Голем дел од земјите ќе имаат голема корист од проширувањето. Новиот формат ќе донесе поголема возбуда, бидејќи сите би се бореле за преминот во следната фаза и секој натпревар би имал еднаква важност, рече Инфантино.

Советот на ФИФА на состанокот во Цирих, на 9 и 10 јануари ќе гласа за можно проширување на Светските првенства од 2024 година, на 40 или 48 репрезентации.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ