Потребно е:
за тестото:
1 коцка свеж квасец
1 чаша (од 200 мл) млеко
1 лажиче шеќер
брашно, по потреба
1 чаша јогурт
1 чаша масло
1 прашок за пециво
сол по вкус
за филот:
300 гр ајвар
200 гр салама, по избор
100 гр кашкавал
100 гр ситно сирење
за премачкување:
2 жолчки
за посипување:
сусам
Подготовка:
– Размешајте го квасецот во млако млеко, додадете малку шеќер и брашно и оставете да стаса.
– Во друг подлабок сад ставете го брашното и направете дупка во средината и ставете ги јогуртот, маслото, солта и прашокот за пециво.
– Додадете го и стасаниот квасец и замесете меко тесто. Оставете го да стои 10-тина минути за да нарасне.
– Тестото поделете го на 15-20 мали топчиња. Секое топче развлечете го со сукало во форма на круг. Премачкајте ги со ајвар и филувајте ги со исецканата салама, изренданиот кашкавал и издробеното сирење.
– Превиткајте ги на половина и краевите притиснете ги со вилушка.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со изматена жолчка и посипете со ким и сусам.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 15-20 минути.