Кафето на овие колачиња им дава посебна арома …
Потребно е:
60 мл еспресо кафе
115 гр несолен путер
100 гр шеќер
180 мл мед
1 лажиче арома од ванила
1/2 лажиче пимент
1/2 лажиче ѕвездаст анис
1/4 лажиче морско оревче
1 јајце
5 гр сода бикарбона
1 лажиче бел алкохолен оцет
5 гр прашок за пециво
375 гр бело брашно
за глазурата:
250 гр шеќер во прав
75 мл (5 лажици) ладно млеко
Подготовка:
– Во тенџере на рингла ставете ги кафето, путерот, шеќерот и медот и загревајте ги на средна температура со мешање додека да се растопи шеќерот. Тргнете го тенџерето од рингла и оставете да се излади 10-15 минути. (Наместо еспресо кафе може да користите појако сварено филтер, турско или нес кафе.)
– Во меѓувреме, во друг сад измешајте ги брашното и зачините. Направете мала вдлабнатина во средината и додадете ги разматеното јајце, аромата од ванила и сода бикарбоната која претходно сте ја расматиле со оцетот.
– Потоа полека сипете ја изладената мешавина од мед и путер и мешајте со шпатула додека да се изедначи. Смесата треба да биде густа и леплива.
– Вака подготвената смеса прекријте ја со пластична фолија и оставете да се излади на собна температура околу 4 часа или преку ноќ.
– Рерната вклучете ја на 160 целзиусови степени. Ставете хартија за печење во две тави со димензии 30х40 см.
– Со лажиче вадете од смесата и ставајте ги на хартијата за печење, но оставајте растојание помеѓу колачињата. Во една тава треба да ви собер 24 колачиња, значи вкупно 48 колачиња.
– Со раце обликувајте ги како топчиња и малку сплескајте ги.
– Ставете да се печат во загреаната рерна секоја тава по 20-тина минути.
– За тоа време соединете ги млекото и шеќерот во прав да добиете густа глазура.
– Печените колачиња оставете да се изладат и секое потопете го во мешавината од млеко и шеќер во прав. Ставете ги на решетка за да се исцеди вишокот од глазурата.
– Медењаците оставете ги неколку часа потполно да се исуши глазурата и послужете ги.