Мусака со тиквички и мисиркини гради

Од:

Потребно е:
3 средни тиквички
3-4 јајца
100 гр брашно
150-200 гр мисиркини гради
200 гр кашкавал (ајдамер, трапист или моцарела)
180 мл кисела павлака
сол, бибер
мелен сув зачин

Подготовка:
– Излупете ги тиквичките и со остар нож по должина исечете ги на што потенки парчиња. Ставете ги во цедалка и посолете ги. Оставете ги 30-тина минути во цедалката.

–  Потоа увалкајте ги во брашно и испржете ги во врело масло додека да поруменат од двете страни. испржените тиквички ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.

– Намастете ја внатрешноста на огноопорниот сад во кој ќе печете. наредете еден ред од тиквичките.

– На тиквичите наредете парчиња од мисиркините гради и изрендајте еден слој кашкавал. истата постапка повторете ја додека да ги потрошите сите состојки. последниот слој нека биде од мисиркини гради.

– Изматете ја киселата павлака со јајцата и со оваа течност прелијте ја мусаката.

– На крај може повторно да изрендате малку кашкавал.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степни 30-тина минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска