(ВИДЕО) Активисти до политичарите – Дали сте нормални, трошите пари на глупости, а вашите деца дишат смрдлив воздух

Од:

Свесни дека нема никаков одговор и конкретна акција од соодветните институции за справување и конечно решавање на проблемите со загадениот воздух се собравме да кажеме дека народот е свесен од опасноста во живеење во смртоносно загаден воздух, народот разбира и не сака да биде манипулиран, сака решенија сега и веднаш, велат граѓанските активисти на протестот против загадениот воздух.

– Се собираме да упатиме порака како на сегашните така и на идните избраници и раководители со државата да им упатиме порака – Дајте ни го човековото право на чист воздух, за живот се работи, не сакаме да се разболиме од рак, не сакаме да умреме од загаден воздух, велат граѓаните изреволтирани од пасивноста на институциите кои се надлежни да го решат проблемот со загадувањето.

Граѓанските активисти за здрава животна средина велат дека Македонија има најголемо загадување со канцерогени ПМ 2 честички во Европа односно 39,4 милиграми на метар кубен. Како што велат тие, четворица македонци умираат во просек дневно заради загаден воздух, а 1350 луѓе годишно,

Според институтот за јавно здравје во 2015 година секое второ дете имало ресипираторни здравствени проблеми, а кај граѓаните постари од 60 години загадениот воздух предизвикува мозочни оштетувања како и деминенција, депресија и други здравствени проблеми.

– Ситуацијата е посериозна него што изгледа, 1300 луѓе годишно умираат, а нивната смрт е индирекно поврзана со загадувањето. Загадувањето на воздух е меѓу првите пет причини за смртност кај населението. Државниот завод за статистика не им ги дава податоците на институтот за јавно здравје бидејќи ако се знаат тие податоци ќе се открие од што умираат луѓето, рече новинарката Менче Атансова – Точи која беше дел од овој протест.

Активистите ги запрашаа политичарите дали и тие имаат деца и дали воопшто ги сакаат со оглед на тоа дека никој не превзема ништо во врска со загаденоста на главниот град и воопшто загаденоста во целата држава.

– Нормални ли сте вие бе? Поради трошењето на парите за глупости вашите деца дишат од овој смрдлив воздух. Разбирам да сакате пари, разбирам да сакате да живеете раскошно. Дали сте нормални? Четири деца умираат дневно, тоа може да биде и вашето дете, рече граѓанин видно изреволтиран од загаденоста на воздухот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Здравствените работници на предупредувачки протест за време на паузата на 19 октомври

ВИДЕО: Запалени фотографии на протестот пред Влада и порака дека законските измени нема да аболицираат никого

(ВИДЕО) Студенти на протестот пред Влада: Правото стана алатка на богатите

(ВИДЕО) Мајка се расплака на протестот пред влада: Што ќе правам ако си го изгубам детето

Александар Тодески

ВИДЕО: Трет протест пред Влада по скандалот со Онкологија

Александар Тодески

Попладне протест за измените на Кривичниот законик

А1он