Силите на либиската влада на национално единство објавија дека имаат повторно контрола врз градот Сирт поразувајќи ги ИД.
– Нашите сили презедоа целосна контрола врз градот Сирт, изјави портпарол на Владата Реда Иса.
Воената операција на владините сили почна на 12 мај оваа година.
Тој додаде дека десетици џихадисти се предале на владините сили.
Пристанишниот град беше заземен од ИД во 2015 година и стана бастион на радикалната група во Либија. При операциите за ослободување убиени се околу 700 војници и 3.000 се ранети.