Руски научници од јаглен добија злато

Од:

Научници од руската Амурска Област по долгогодишни истражувања успеале да дојдат до заклучок дека е можно од искористени јаглен да се извлече цело богатство.

По 15-годишно проучување на составот на јагленот, експертите од Амурскиот научен центар при Руската академија на науки (РАН) успеале да пронајдат начин со кој од еден тон искористен јаглен извлекувале по еден грам злто.

Во план е експерименталната опрема, која веќе постои, уште до крајот на годинава да биде поставена на еден од котел за да се почне со реализација на ова револуционерно откритие.

– На филтрите покрај штетни, се таложат и корисни компоненти. Ако приклучокот „фаќа“ барем половина од нив – тоа е половоина грам од еден тон, а потоа е лесно да се пресмета економскиот ефект. Односно од околу еден тон искористен јаглен, би добиле околу 1.500 рубљи, изјави генералниот директор на Аморскиот научен центар за комплексна иновациска технологија, Олег Агеев.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Купивме пет тони злато

Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато

(ВИДЕО) Запленети 4,8 килограми злато при влез на „Богородица“

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Царинска управа: Запленето e злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата

Резервите на злато во Србија се 38,5 тони, Македонија со 6,8 тони е втора во регионот

A1on