Анкета на Фактор плус: ВМРО-ДПМНЕ со 4 отсто предност пред СДСМ

Од:

Коалицијата За подобра Македонија којашто ја предводи владејачката ВМРО-ДПМНЕ има предност од 4-процeнтни поени пред коалицијата предводена од СДСМ, покажува анкетата „Политички барометар – декември 2016“, која денеска ја објави агенцијата Фактор Плус Адриа од Белград.

Истражувањето на јавното мнение во Македонија е извршено во периодот од 28 ноември до 2и декември врз репрезентативен примерот од 1.200 испитаници кои биле анкетирани телефонски.

На прашањето на која политичка партија би ѝ го дале својот глас, од сите анкетирани, 27,6 отсто од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 23,1 процент се определиле за поддршка на опозициската СДСМ. Следува Коалицијата за промени и правда со 6,1 отсто, Коалицијата ВМРО за Македонија со 1,3 отсто.

Во албанскиот кампус, ДУИ е во предност со 6,2 отсто, пред ДПА со 4,4 отсто, а движењето БЕСА има поддршка од 1,0 отсто од испитаниците.

На ова прашање за „друга опција“ се определиле 5 отсто, не знаат за кого ќе гласаат 9,3 отсто, нема да гласаат 8,6 проценти, а одбиле да одговорат 7,4 отсто.

Анкетите што покажуваат во која насока се движи јавното мислење во предизборниот период и колкав е рејтингот на политичките партии, според Изборниот законик, смеат да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот на изборите, односно до 6 декември.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение