Словенија во триаголникот меѓу Вашингтон, Москва и ЕУ, со „сидрото во Брисел“

Од:

На Словенија и недостасува култура на размислување за геополитичките приоритети, што би не направиле посилни, рече на конференцијата “Pučnikova večer”, претседателот на стратешкиот совет на Министерството за надворешни работи Андреј Рахтен. Поранешниот амбасадор Милан Орожен Адамич истакна дека првенствено Словенија “нема визија, кои би требало да бидат нејзини партнери.”

Рахтен на собирот организиран од страна на Институтот Јоже Пучник, повика да се размислува за геополитичките приоритети кои би требало да се развиваат до тој степен Словенија да не биде зависна од една или друга политичка опција, туку од она што е добро за Словенија, пренесува reporter.si.
Како што нагласи Орожен Адамич иднина има само “силна Словенија, која има свои ставови исто така и со непријатните работи, таа Словенија која знае јасно да ги формулира своите цели и својата иднина.”

Рахтен и Орожен, двајцата од научно истражувачкиот центар на Словенечката академија на науките и уметностите, исто така предупредија на недостатоците во поврзување со другите земји. Според Адамич немаше визија за она што “сакаме да развиеме, кој би требало да бидат словенечки партнери, или како ќе се комуницира со нив.”

Рахтен потсети, дека освен дунавската стратегија, која се уште е во повој, Словенија не се приметува во рамките на ниедно партнерство.
При тоа забележа дека поголемите земји се свесни за тоа, дека во рамките на ЕУ мора да се поврзуваат во партнерства, доколку сакаат да ги остварат своите амбиции.

Според Орожен Адамич, мора да постои свеста за тоа дека Словенија има исклучителна географска положба во Европа, бидејќи “живееме на крстопат на четири различни народи”, рече тој.

На прашањето на позицијата на Словенија во триаголникот меѓу Вашингтон, Брисел и Москва, Рахтен рече дека Словенија треба да биде свесна, откога е членки на ЕУ дека нејзиното “сидро е во Брисел” и дека нејзиниот однос со другите партнери во некои области мора да бидат во согласност со Брисел.

Меѓутоа, таков консензус, рече тој, не е секогаш потребен кога станува збор за заштита на одредени економски интереси, затоа што секоја земја во ЕУ има свои економски интереси, рече Рахтен.

На прашањето дали словенечкиот идентитет успешно ќе се вклопи во ЕУ, како услов за постоење на словенечката држава, Рахтен одговори дека мултинационалната формација не мора да го спречи развојот на националниот идентитет, но тоа зависи од неговата природа.

Тој потсети дека Словенците во Хабсбуршката монархијата, за разлика бретанците во Франција успеаја да се профилираат како културен и политички народ.
“Партнерствата во рамките на ЕУ се оние кои ни овозможуваат понатамошно јакнење”, повтори Рахтен.

Орожен Адамич исто така, како проблем го истакна тоа што во училиштата, многу малку се зборува за историјата на словенечкиот народ, а “луѓето за време на празниците не истакнуваат знамиња, како да не се горди што живеат во својата татковина”.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски