Б92 – Белград
Од совршеноста на нивната изградба до совпаѓањето со ѕвездите и целта во која биле изградени, пирамидите и денес ни претставуваат мистерија.
Многу луѓе знаат дека пирамидите се големи, импресивни градби изградени одамна во Египет. Исто така познато е дека служеле како монументални гробници на фараоните. Но, постојат други бројни занимливости за овие фасцинантни градби, за кои постои сомневање и дека се изградени со помош на вонземјани.
25 фантастични факти за нив:
1.Трите пирамиди во Гиза (Кеопсовата, Кефреновата и Микериновата) се најпознати египетски пирамиди, но всушност на подрачјето на древниот Египет се наоѓаат над 140 пирамиди.
2. Најстарата египетска пирамида е пирамидата на фараонот Џосер, изградена во 2650 година п.н.е. Се наоѓа во Сакари, најголемите гробишта на градот Мемфис, на кои се откриени над 250 подземни гробници.
3. Кеопсовата или Куфу пирамидата дефинитивно е најголема пирамида. Во оригиналот била висока 146,5 метри, додека денес има 138,8 метри.
4. Се до изградбата на Линколн катедралата во Англија во 1311 година, Кеопсовата пирамида важела за највисока градба која ја направил човекот и тоа било така 3871 година.
5. Големата пирамида во Гиза е најстара од Седумте светски чуда на античкиот свет и е последна која се уште постои во својот поголем дел.
6. Се проценува дека бројот на луѓето, потребен за изградба на една пирамида, бил околу 100.000.
7. Пирамидите во Гиза ги чува голема Сфинга, најголем митолошки кип на светот. Се верува дека лицето на Сфингата го прикажува лицето на фараонот Кефрена.
8. Сите египетски пирамиди се изградени на западниот брег на реката Нил, кое е место на заоѓање на сонцето, па во египетската митологија се поврзува со местото на починатите души.
9. Древните Египќани го погребувале своето племство заедно со разни предмети, од секојдневни до луксузни, како накит. Верувале дека мртвите ќе ги користат во задгробниот живот.
10. Првиот познат архитект на пирамидите бил Имхотеп, лекар и инженер. Се смета дека е заслужен за изградбата на првата голема пирамида на фараонот Џосер.
11. Додека експертите се согласуваат со тезата дека пирамидите се изградени од големи камени блокови изрезбани со бакарни алатки, техниката со која ги пренесувале и поставувале камените блокови и денес останува предмет на шпекулации.
12. Тоа што е очигледно е дека техниките за изградба на пирамидите се развивале во текот на времето, бидејќи поновите пирамиди се изградени на поинаков начин.
13. По завршувањето на периодот на пирамидите во древниот Египет, процутот на градењето на такви градби почнал на подрачјето на денешен Судан.
14. Имало обиди да се уништат пирамидите во Гиза во 12 век, за што бил одговорен курдскиот владетел Ал-Азиз. Сепак, се откажал од тоа бидејќи оценил дека би било тешко да се уништат, но успеал да ја оштети пирамидата Микерена – каменот е оштетен така што изгледа како голема расекотина на северното лице на пирамидата.
15. Три пирамиди во Гиза, според својата локација се усогласени со соѕвездието Орион. Тоа соѕвездие се поврзувало со богот на задгробниот живот, Озирис.
16. Се проценува дека големата пирамида во Гиза е составена од 2 милиона и 300 илјади камени блокови, кои изнесуваат од 2 до 30 тони, а некои блокови и над 50 тони.
17. Пирамидите се изворно заштитени со камења изградени од високо полиран бел варовник. Тие камења ја одбивале сончевата светлина, поради што сјаеле како скапоцени камења.
18. Благодарение на заштитниот сјаен слој, се претпоставува дека пирамидите можеле да се видат од планините во Израел, а можеби дури и од Месечината.
19. Наспроти огромната жештина во пустините, температурата во нив е постојана, околу 20 степени Целзијусови.
20. Тешко може да се процени точната тежина на пирамидите, но се претпоставува дека Кеопсовата пирамида изнесува околу 6 милиони тони.
21. Кеопсовата пирамида е изградена така што е свртена кон север, а всушност таа е најпрецизно усогласена градба кон север во светот. Наспроти тоа што е направена одамна, нејзиното отстапување од „вистинскиот север” е минимално, а причината за тоа е поместувањето на Северниот пол на Земјата.
22. Во просек потребни биле околу 200 години за изградба на секоја пирамида, што значи дека често се граделе неколку пирамиди истовремено.
23. Една од причините зошто пирамидите се толку добро сочувани е единствениот врзувачки материјал кој се користел, а ни денес не се знае од што точно е добиен.
24. Спротивно на популарното верување, пирамидите не ги граделе робови или заробеници, туку платени работници – од физички работници до бројни уметници.
25. Иако често се поврзуваат со хиероглифите, тие не се најдени во внатрешноста на Големата пирамида во Гиза.