ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ треба да знае дека граѓаните не се лесни за манипулација

Од:

„Крајно лицемерен и потценувачки е односот кој СДСМ го има кон сопствените граѓани. Колку и вие да сметате дека граѓаните се лесни за манипулација, тоа не е така. Повторно продолживте со истите принципи и иста методологија. Стопати да повторите иста лага, со цел да стане вистина.

– Говорите дека не стоите зад овој штрајк, а сите ваши инсталации, секојдневно, по точно предвидена динамика во вашиот партиски штаб излегуваат со поддршка за штрајкот на лекарите, кој вие го креиравте поради неможноста да ја поднесете вистината дека од вашето владеење останаа само руинирани здравствени установи, апарати набавени кон крајот на 80-тите, деградирани доктори, кој мораа понизно да тропаат на вратите на веледрогериите за да ја остварат законската обврска за континуирана медицинска едукација, распаднати амбулантни  возила, скапи лекови, но и скапи ѓердани. Не можете да споредите во градење и правење на проекти, затоа што ништо не сте изградиле и ништо не сте направиле, и затоа се обидувате да го срушите она што другите го прават.

– Доказ за тоа дека вие директно сте го осмислиле и организирале ова е и јавната поддршка од Синдикатот на МНР, предводен на лица кои лажат дека се непартиски, инаку бескрајно лојални на СДСМ, како што се Виктор Димовски, член на Извршен одбор и дипломатски совет на СДСМ, како и Михаела Давитковска-Веселинова, која е сестра на Дарко Давитковски, претседател на младината на СДСМ.

– Следна работа што е запрепастувачка и во најмала рака скандалозна е тоа што СДСМ кога биле на власт не знаел какви закони носи, ниту пак ја знаел содржината на тие закони и што тие предвидувале.

– Ова е неодговорно однесување од највисок вид и претставува деградација на македонското демократско општество. Зарем престанавте да комуницирате со Стевчо Јакимовски, па сега нема кој да ви каже дека токму тој беше министер за труд и социјална политика, кој го предложи законот за работни односи во 2005 година, во кој се пропишани постапките за определување на репрезентативноста на синдикатите и за учесниците за склучување на колективни договори.

– Тоа што Бранко Црвенковски го потпишал законот, а не знае што потпишал или не се сеќава на тоа, за нас е целосно разбирливо, бидејќи знаеме за кого станува збор, но сепак, е несфатливо за нас, луѓе на такви високи позиции, на тој начин да постапуваат. Не е прашање дали министерот има или нема волја, сака или не сака со некој синдикат да преговара, туку тоа е прашање уредено со закон којшто да повториме е предложен и донесен во време на владата на СДСМ“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода