Организацијата Викиликс, чиј лидер Џулијан Асанж три години живее во амбасадата на Еквадор во Лондон каде што побара и доби политички азил, објави 2,420 документи на германски владини агенции поврзани со истрагата за соработката меѓу американски и германски разузнавачки служби.
Во документите во детали се разработени шемите преку кои соработувале американската Национална агнеција за безбедност (НСА) и германските служби за безбедност и начините на кои што разузнавачите ги избегнувале строгите контроли и правила на сопствените влади, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германската канцеларка Меркел и нејзината влада во 2014 година беа под силен притисок на јавноста откако беше утврдено дека германските разузнавачи следеле комуникации во европски земји и компании на барање на НСА.
За расчистување на скандалот во германскиот парламент во март 2014 година беше формирана Комисија за истрага на шпионскиот скандал со НСА која ја сочинуваат 8 германски парламентарци од сите партии во Бундестагот. Во Јули 2014 година Германија ја потресе уште една шпионска афера кога беше објавено дека вработен во германската разузнавачка служба БНД бил агент на ЦИА по што германското МНР на разговоро го повика амабсадорот на САД во Германија Џон Емерсон.
Како резултат на неколкуте шионски афери во земјата германската влада по заминувањето на Герхард Шиндлер во април годинава за нов директор на БНД го назначи Бруно Кал кој кој во јавноста важи за близок на министерот за финансии Волфганг Шојбле.