Опозициските партии во Јужна Кореја се договорија да предложат парламентот да почне процедура за импичмент на претседателката Парк Геун-хе. Гласањето за тоа прашање може да се одржи на 9 декември, јавија јужнокорејски медиуми.
Парк е обвинета дека дозволила блиска пријателка да и се вмеша во управувањето со државата дозволувајќи и увид во официјални државни документи иако таа немала никаква државна функција.
Владејачката партија Сенури вчера ја поддржа идејата Парк доброволно да поднесе оставка во април 2017 година. За импичмент се потребни 200 од 300 пратеници во парламентот.
Во телевизиско обраќање кон нацијата таа изрази подготвеност да ја напушти функцијата согласно исполнети политичките услови.