Општинската изборна комисија во Дебар, денеска и утре ќе одржи едукација за членовите од избирачките одбори.
– За членовите на 14 избирачки места кои ги покрива дебарската изборна комисија, едукација ќе биде спроведена денеска, додека за преостантите 13 утре. Со едукацијата ќе бидат опфатени 270 членови на избирачки одбори, а ќе се одржува во просториите на Центарот за култура во Дебар, изјави секретарот на комисијата Али Реџа.
Во тек е и евиденирањето на болни и немоќни лица, кои, според изборниот законик гласаат на десети декември, кога во нивните домови ќе бидат посетени од избирачки одбор.
Инаку, дебарската општинска изборна единица ги покрива изборните активности во две изборни единици, изборна единица пет и изборна единица шест, со вкупно 27 гласачки места, од нив 12 во изборна единица шест и 15 во изборна единица пет.