Како бизнисите можат да влијаат на промената во општеството, е прашањето што ќе биде во фокусот на Првиот форум на добри компании, што ќе се одржи денеска во Скопје.
Целта на форумот е да се придонесе кон градење екосистем во кој институциите, граѓанскиот сектор и компаниите ќе почнат да функционираат во спрега, а во основата на сите нивни делувања и интеракции, ќе се најдат човекот, општеството и планетата, соопшти Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, организатор на настанот, со поддршка од Холандската амбасада во Македонија.
Како специјален гостин е најавен Мартен Дресен од Холандија, основач на меѓународната заедница на инвеститори и претприемачи „A good hospitalits group“. Ќе се обратат и Ренате Лакнер Гас, раководител на одделот на корпоративна општествена одговорност на ЕВН од Виена и Марина Анчевска од Центарот за бизнис психологија.