Галеријата ОСТЕН учествува на првиот Саем за современа уметност во Солун (Thessaloniki International Contemporary Art Fair) кој се одржува од денеска до 4 декември.
– ОСТЕН на саемот за уметност ќе ги претстви своите главни активности: ОСТЕН Биенале на цртеж и ОСТЕН Музејот на цртеж, а ќе бидат промовирани и две графички мапи од уметниците Мице Јанкуловски и Харис Кондосфирис – двете дел на библиотеката на графички мапи „Светско културно наследство“, соопшти ОСТЕН.