ВМРО-НП: Брзо решавање на споровите за територијалните поделби меѓу државите и избегнување воени конфликти

Од:

„ВМРО-Народна партија со голем интерес ја проследи веста за размена на територии помеѓу државите членки на Европската унија, Белгија и Холандија. Како што пренесоа медиумите во перфектна атмосфера и на свечен начин беше објавена веста за постигнатиот договор што претставува претставува единствен пат за разрешување на меѓународни спорови околу погранични територии на задоволство на двата народи.

ВМРО-Народна партија го поздравува овој договор и ваквиот цивилизациски начин на разрешување на проблемите во церемонијална атмосфера. Очекуваме во иднина секогаш да се применуваат исти принципи за брзо решавање на споровите околу територијалните поделби меѓу државите со што ќе се избегнат воени конфликти кои можат да бидат кобни по безбедноста, стабилноста и мирот во регионите и светот.

ВМРО-Народна партија не може, а да не ги потсети граѓаните дека во не така дамнешно време во Република Македонија имаше луѓе кои беа со далеку – визионерски сфаќања, пред сите останати тогашни актуелни политичари, околу решавањето на спорни прашања од сличен карактер. Како што гледаме тогаш тие луѓе апсолутно биле во право дека единствено ваквиот начин на разрешување во некое идно време ќе го применуваат и најцивилизирано-развиените демократски држави“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска