Поховани пилешки шницли во сос

Од:

Инересен начин на подготвовка на пилешко бело месо …

Потребно е:
2 парчиња пилешки гради
75 гр брашно
2 јајца
3-4 лажици ситно сецкан свеж магдонос
околу 60 гр ситно изрендан пармезан
125 мл бело вино
125 мл бистра пилешка супа од коцка
1 поголемо чешне лук, ситно сецкано
50 мл маслиново масло
50 гр путер
сол и бибер, по вкус
мелен сув зачин
сок од 1/2 лимон

Подготовка:
– Пилешките гради исчистете ги од кожата и вишокот маснотија, измијте ги и исужете ги со кујнска хартија. Со остар нож исечете ги на половина, но не до крај за да добиете едно поголемо парче.

– Парчињата месо ставете ги меѓу две пластични фолии и малку исчукајте ги со дрвен чук.

– Парчињата месо посипете ги со сол, бибер и мелен сув зачин од двете страни.

– Во поголема и плитка чинија искршете ги јајцата, изматете ги со вилушка и додадете малку сол и бибер, изрендан пармезан и половина од сецканиот магдонос. Убаво измешајте.

– Подгответе ја пилешката супа. Ситно исецкајте го лукот.

– Во плитка чинија сипете брашно.

– Во поголема тава сипете го маслото и половина од путерот и ставете ја на рингла на средна температура.

– Парчињата пилешко месо прво увалкајте ги во брашно и истресете ги за да падне вишокот. Потоа потопете ги во јајцата и од двете страни. Ставете ги во тавата да се пржат.пржете ги по 4-5 минути од секоја страна. Испрженото месо ставете го во чинија, покријте го со алуминиумска фолија и тргнете го на страна.

– Зголемете ја температурата и тавата тргнете ја на страна. Додадете го сецканиот магдонос, исцедете сок од 1/2 лимон, сипете ја пилешката супа и преостанатиот путер. Вратете ја тавата на рингла и варете го сосот 2-3 минути за да се згусне малку.

– Вратете го млекото во тавата и динстајте уште неколку минути.

– Послужете го месото полиено со сосот и одозгора посипано со сецкан свеж магдонос. Како прилог може да сервирате пире од компири или пак сварен ориз.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска