Николовски: Наместо да бараме живот во странство, ќе имаме добар живот тука во Македонија

Од:

За десет дена имаме заедничка шанса со гласот за животот да се избориме за живот во Македонија. Наместо да бараме живот во странство, ќе имаме добар живот тука во Македонија. Имаме чесен човек, искрен човек, човек со големо срце, храбар, решителен, одлучен лидер којшто ќе го реализира овој План за Македонија. Тој ќе ја води Македонија, тој ќе го врати животот, рече Љупчо Николовски на митингот на СДСМ во Берово.

– Повисоки плати ќе има за сите во Македонија. Ќе ги поддржиме домашните, македонски фирми, со 140 милиони евра директни инвестиции. Во секое семејство ќе влегува по уште една плата преку системот на враќање на ДДВ. Тринаесетта плата назад во секое семејство! Ќе растат и пензиите, а ќе има државна национална пензија за секој оној што има 65 години, а нема услови да оствари право на пензија.

– Криминално стекнатиот имот ќе се врати на граѓаните. Изборот е помеѓу скромност и работливост и забеганост. Почитувани од другата страна, изборот го имате и вие – ви ветуваме дека ништо нема да ви фали, ајде заедно да се избориме за животот во Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација