Слатка плетенка

Од:

Ова е вистинко задоволство за сите љубители на слатки пецива …

Потребно е:
500 гр брашно
20 гр свеж квасец
200 мл млако млеко
50 мл масло
2 лажици шеќер
1 лажиче сол
50 мл млака вода
1 јајце, за премачкување
мармалад по желба

Подготовка:
– Во млака вода ставете 1 лажица шеќер, додадете го издробениот квасец и оставете го на топло место за да стаса.

– Во еден подлабок сад ставете ги брашното, солта, остатокот од шеќерот, маслото и млекото. Додадете го квасецот и замесете глатко тесто. Оставете го тестото на топло место за да нарасне.

– Премесете го тестото и поделете го на три дела. Оставете ги уште уште 5 минути да одморат.

– Потоа секој дел со сукало тенко развлечете го. Секоја кора можее да ја премачкате со различен џем (на пр. од кајсии, од сливи, од шипки …).

– Секој дел завиткајте го во ролат, а потоа сите три дела исплетете ги во плетенка.

– Плетенката ставете ја во тава обложена со хартија за печење и премачкајте ја со изматено јајце. Оставете ја во тавата околу 10 минути.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печена средината на плетенката. Ако не е, тогаш покријте ја плетенката со фолија и ставете да се допече уште 10-тина минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска