Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ не запира со притисоците врз администрацијата

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува со злоупотреба на сите државни и јавни ресурси од раководните кадри на владејачката партија за вршење притисоци, заплашувања, повреда на слободата на определување и поткуп врз вработените за изборни цели, вели дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацоски.

Кирацоски го истакна последниот случај од Велес, каде родител на носител на листата за пратеници во изборната единица 3 од опозициска партија, инаку вработена во Општата болница, била прераспределена од едно на друго работно место за време на распишани избори и сред изборна кампања.

– Сакам недвосмислено да укажам дека ова не е дозволиво. И не само овој случај, туку и сите вакви и слични злоупотреби на службената положба сред изборен процес. Тоа претставува најгрубо поткопување на темелите на демократијата. Ова е за секаква осуда, но и за соодветна одговорност. Затоа, во најскоро време ќе ја посетам Општата болница во Велес за подетално да се запознам со овој случај – додава Кирацоски.

Кирацоски им укажа на сите раководители на државни и на јавни институции дека за секој ваков и сличен случај ќе биде поведена соодветна постапка за утврдување на нивна одговорност. Тој ги охрабри вработените во јавниот сектор да пријавуваат каков било притисок врз нив.

Би можело да ве интересира

Кирацовски: Џафери да не го става Собранието повторно во улога на штитеник на неподобни кадри, да свика седница за Мизрахи

Драган Поповски

Кирацовски: Не знам кој е Кики, а Коки е веројатно Боки

Кристијан Ландов

Кирацовски: Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро

Ана Ололовска

Кирацовски: Моите роднини се повлекуваат од функциите иако нема непотизам

Кристијан Ландов

По вработувањето на дедото, Кирацовски не се појави во Собрание

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Кирацовски: Одлуката за предвремени избори наскоро