Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе, која е вмешана во скандал за корупција и злоупотреба на власта изјави дека ќе поднесе оставка, доколку Парламентот и предложи план за предвање на власта.
Таа оваа одлука ја соопшти во телевизиско обраќање, во кое уште еднаш и се извини на нацијата за својата неискреност.
– Му предлагам на Парламентот да одлучи за мојата судбина, вклучувајчи го и кратењето на мојот мандат, рече таа.
Опозициските партии во Јужна Кореја предупредија дека пред почетокот на декември ќе преземат дејствија за импичмент на претседателката, доколку таа не се повлече.
Парк досега одбиваше да поднесе оставка и не ја признаваше вината. Таа е обвинета дека знаела, а веројатно и дека учествувала во противзаконски дејствија на своја блиска пријателка и на свои соработници, обвинети за изнудување, злоупотреба на власта и корупција.