ФОТО: Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Љубљана

Од:

На протестите во Љубљана вчеравечер дојде до судир меѓу полицијата и околу 500 демонстранти, кои кон полицајците фрлаа со се што можеа да најдат.

Повеќе од 30 демонстранти се уапсени, а повредени се 26 лица, од кои 15 полицајци. Полицијата најпрво ги предупредила демонстрантите, а потоа почнала да ги апси.

Словенечките медиуми јавуваат дека поголема група демонстранти трчале кон полицајците пред Парламентот извикувајќи „напад“ кога полицијата употребила солзавец за да ги растера.

Демонстрациите кои се организираа во повеќе градови на Словенија беа мирни, освен во Љубљана.

Се протестира поради незадоволството на граѓаните од социјално-економската ситуација, но и поради прекумерната употреба на сила на мариборскиот митинг, во понеделникот.

Демонстрантите се незадоволни и од повеќето политичари од кои бараат оставки, а меѓу нив е и премиерот Јанез Јанша.

Во медиумите се појавија различни проценки за бројот на учесниците во демонстрациите и додека едни тврдат дека во нив учествувале околу пет илјади лица, други наведуваат дека станува збор за над десет илјади лица.

 

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски