Формирана Унија на албански општини од регионот

Од:

Тирана, Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево формираа Унија на албански општини во регионот.

По првпат, според тиранската телевизија Топ чанел, се формира унија на главните општини раководени од Албанци во регионот. Оваа асоциација има за цел создавање потребни механизми за меѓусебна соработка.

Пред неколку  недели грдоначалникот на Тирана Ерјон Велиај ги примил градоначалниците на Приштина Шпенд Ахмети, на Тетово Теута Арифи, на Улциљ Назиф Цунгу и на Прешево Шќиприм Арифи кога е договорено формирањето на Унијата.

Првите луѓе на петте градови вчера попладне во очи одблежувањето на Денот на независноста на Албанија и денот на знамето, 28-ми  ноември, потпишале  платформа за соработка во областа на урбанизмот, животната средина, културата,инвестициите и иновациите.

– Набрзо ќе создадеме стабилна мрежа каде ќе учиме од искуството, еден од друг, изјави Велиај.

Неговиот колега од Приштина, Ахметај, изјавил дека треба да се искористи енергијта за доброто на граѓаните. Да покажеме,нагласил тој, дека можеме да соработуваме и да работиме  за доброто на нашите граѓани.

Градоначалничката на Тетово,Теута Арифи, зборувала за улогата на жената во промените и успесите.

По покана на Велиај,градоначалниците остануват во Тирана за да ја проследат празничната церемонија по повод 28-ми ноември.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски