Политичките партии денеска, на седмиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имаат митинг во Скопје.
СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Свети Николе и Велес.
Коалицијата ВМРО за Македонија вечерва со почеток во 19:00 часот во културниот дом „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи трибина.
Претходно лидерите на коалицијата остварија средби со граѓани во Крушево.
Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Чегране, Боговиње, а Алијанса за Албанците ќе биде во Битола, Ресен и Крушево.
Коалиција за промени и правда денеска ќе одржи митинг во Сопиште.