Ахмети: Албанците немаат друга алтернатива освен интеграција во ЕУ

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва претстави дел од кандидатите за пратеници во шестата изборна единица, на собир на тетовските ограноци на партијата, во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антесвки Смок“ во Тетово.

Според претседателот на ДУИ и носител за листата за пратеници во изборната единица шест, Али Ахмети, Албанците немаат друга алтернатива освен интеграција во ЕУ, бидејќи едногласно се определени да одат напред и знае дека припаѓаат на Европа.

– Ова е наша мисија, се соочивме со многу предизвици и многу луѓе кои не не сакаа, но ги надминавме пречките, сега сме посилни од порано. Борбата продолжува, треба да бидеме свесни дека имаме многу работа. Најважно во новиот мандат е да работиме на подобрување на квалитето на обрзованието, нови кадри. Само со знаење и сила можеме да постигнеме многу. Потребно е и да се договориме со соседните држави, да работиме на решавање на спорот со името, да се почитува Рамковниот договор, а и да го трасираме патот кон евроинтеграција, бидејќи ние сме дел од Европа. Ќе ни треба време, но и вашата поддршка. Сите да се организираме во име на нашето мото Заедно одлучуваме!, изјави Ахмети.

Пред присутните зборуваа и членот на Централното претседателство на ДУИ и кандидат за пратеник во шестата изборна единица Џевад Адеми, шефот на централниот изборен штаб на ДУИ Беким Незири, како и повеќе членови од Форумот на жени и на млади на ДУИ од тетовските ограноци. Свои обраќања имаа и сегашните кандидати за пратеници Шпреса Адри, Мерита Мустафари, Бајрам Реџепи, Беким Мемети, Висар Беќири, Арлинда Муареми и Мирсаде Емини Асани.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието