Околу 1,3 милиони лица учествуваа денеска на протести во Сеул од кои е побарано побарана оставка на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хје, јави ТАСС.
Демонстрантите се собраа на централниот плоштад „Кванхвамун“, а потоа се упатија кон Синот дом, зградата на претседателстовто, која се наоѓа на 200 метри оддалеченост.
Засега нема информации за инциденти.
Протестот се одвива мирно со обезбедување на околу 25 илјади полицајци.
Ова се петти масовни протести во Сеул со барање за оставка на Парк, по избувнувањето на корупцискиот скандал, поврзан со нејзината најдобра пријателка Чој Сун-сил и неколку државни службеници и бизнисмени.