ЛП: Изборите нема да бидат ниту фер, ниту демократски

Од:

„Знаев дека кампањава ќе биде највалканата до сега и дека избориве ни ќе бидат кредибилни ни демократски.

Дека нели се обезбедија минимум услови за тоа. Знаев и дека ќе подлежам на притисоци и закани јас и моето семејство.

Добив полна поддршка од нив затоа што сум на страната на правдата и вистината.

Уште на средбата со граѓани на Либералната партија во Велес ми стана јасно дека почнаа валканите игри, кога неколку малолетни лица дојдоа и почнаа да извикуваат ВМРО…ВМРО.

Не очекував ништо помалку, толку од вашата инвентивност.

Ден потоа стига реакција од директорот на ЈЗУ Општа болница Велес, Атанас Василев, каде мојата мајка е вработена. Прераспределена е веднаш на друго работно место со решение. Не и е прво распределување и притисок заради мене во последнава година. Жена со 30 години стаж во таа институција. Толку од кодексот за фер и демократски избори“, изјави Данчо Марковски, носител на листата на ЛП во Изборна единица 3.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации